Мене овие бомбици ми оставија силен впечаток со својот вкус и со леснотијата со која се приготвуваат. Пробајте, нема да се покаете!

Потребни состојки:

2 пудинг од чоколадо

2 супени лажици рум

2 супени лажици вода

50 г шеќер во прав

50 г путер или маргарин

Кокос, мелен лешник, мелени ореви или нешто друго по ваш вкус

Постапка:

Со жица изматете шеќер во прав со жолчка, рум и вода. Оваа смеса сварете ја на пареа, па кога ќе забежите трага во садот при мешањето значи дека е готово.

Веднаш додека е врело додадете му го путерот и пудингот во прав (значи не треба да се вари пудингот посебно).

Добро промешајте со маталка, смесата е доста леплива, но така треба.

Оставете во фрижидер околу час и половина, па потоа обликувајте ги топчињата.

Многу лесно се обликуваат, ќе видите, нема никаков проблем. Потоа можете да ги валкате во кокос, мелени лешници или билошто по ваш вкус.

Од оваа смеса излегуваат 20-тина топчиња, што значи следниот пат сигурно ќе ги правите во двојна доза зошто се превкусни!

coolinarika.com