Брзо се приготвуваат, излегуваат доста, превкусни се, лапни-голтни!
Потребни состојки: 2 пакувања пудинг од чоколадо (во прав), 1 жолчка, 2 супени лажици рум, 2 супени лажици вода, 50 г шеќер во прав, 50 г путер или маргарин. И уште кокос, мелени лешници, мелени ореви за валкање
Постапка: со жица измешајте го шеќерот во прав со жолчката, румот и водата. Оваа смеса сварете ја на пареа, па кога ќе забележите дека останува трага во садот, значи дека е готово.
Веднаш, во врело додајте путер и пудинг во прав (значи не треба да го варите пудингот).
Добро промешајте со жица, ќе биде доста лепливо, но така треба. Оставете во фрижидер еден час или час и половина.
Потоа со рака многу лесно се обликуваат бомбиците. Можете да ги валкате во кокос, мелени лешници или нешто по ваш вкус.
Излегуваат 21 бомбица, вие ако сакате зголемете ја дозата.