Овие солени мафини со тиквички и гриз се толку многу вкусни, што секојпат ќе правите по двојна доза, затоа што едноставно, не можете, а да не посегнете по уште едно парче и по уште едно…
Постапката за приготвување е многу едноставна, а мафините се готови за 15-20 минути.
Потребни состојки: 1 тиквичка со средна величина, 2 јајца, 60 мл млеко, 100 г брашно, 2 лажици маслиново масло, 2 лажици гриз, 1 лажица прашок за печиво, 50 г пармезан, црн пипер по вкус и зачини доколку сакате, по вкус
Постапка: тиквичката измијте ја и отстранете ги двата краја (тврдите делови). Потоа изрендајте ја на крупно ренде. Малку посолете го и оставете го на страна 10-тина минути. Потоа од него исцедете ја убаво сета течност која ќе ја ослободи.
Исцедената рендана тиквичка ставете ја во еден подлабок сад, а сокот сочувајте во во некоја стаклена тегличка и искористете го дента за приготвување на некоја салата. Овој сок содржи многу хранливи материи, па не би требало да се фрли.
Во тиквичките додајте две изматени јајца, 60 мл млеко, 100 г просеано брашно помешано со 1 лажица прашок за печиво, 2 супени лажици маслиново масло, 2 супени лажици гриз и 50 г рендан пармезан.
Во смесата додајте и малку црн пипер, а доколку сакате, додајте и некои други зачини по ваш вкус. Со помош на лажица промешајте ги сите состојки додека рамномерно да се изедначат.
Калапите за мафини намастете ги во подебел слој со путер (маст или маргарин, по ваш избор), а потоа полнете ги со по две полни супени лажици од смесата. Калапите не треба да се преполнуваат затоа што во текот на печењето малку ќе нараснат.
Кој сака по желба може одозгора да нароси и сусам, ким, или какви било семки или семе по желба (но, не мора). Загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа печете ги мафините околу 15-20 минути.
Печените мафини оставете малку да се подизладат, па извадете ги од калапите и послужете ги со чаша јогурт или кисело млеко. Може да ги послужите за појадок, вечера или како прилог или предјадење.
Многу се вкусни, сунѓерести и меки како памук. Се надеваме дека ќе ви се допадне овој рецепт, а доколку имате свој и проверен рецепт за мафини со тиквички, споделете го во коментар. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.