Ако чувствувате некоја неугодност во домот во кој живеете со вашето семејство и ви се чини дека не е онака како во некои претходни времиња; доколку членовите често се разболуваат или постојано избyвнуваат кавги, според учењето Фенг шуи, во таквиот дом потребно е прочистување од негативната енергија…




Постои едно многу едноставно Фенг шуи правило за среќа: скршете јајце во чаша со вода и оставете ја чашата покрај креветот да преноќи. Експертите за фенг шуи велат дека овој метод може многу да помогне.




Имено, тој овозможува да се ослобо-дите од сите неволји, т ага и неcpеќа. Јајцето како некој сунѓер ќе ја впие сета негативна енергија и ќе го исчисти енергетскиот ток во вашиот дом.




По правило, овој метод можете да го спроведувате во било кој период од годината, но единствено што е важно, е да го спроведете непосредно пред спиење, а чашата да ја ставите блиску до креветот, но сепак на безбедно растојание.




Што ви е потребно? Едно свежо јајце а кое откако ќе го купите нема веднаш да го оставите во фрижидер како останатите јајца, туку ќе му најдете некое безбедно место на страна.




Навечер пред да си легнете, скршете го во една чаша со вода, а чашата оставете ја во близина на креветот. Следниот ден кога ќе се разбудите добро погледнете ја чашата и забележете какви промени се случиле…




Како што велат експертите за фенг шуи, жолчката ја симболизира личноста која го спроведува методот, а белката е сè она што го опкружува (луѓето, средината, енергијата).




После една ноќ помината во чашата, кај јајцето можат да забележат одредени промени: појава на меурчиња, заматеност на водата, тенки влакна од белката кои се „развлекуваат“…




Секоја од овие појави има некое свое значење, односно укажува на „неволјата“ која на овој начин сте ја исфрлиле од дома. Па така, доколку се појавила заматеност, тоа значи дека сте ја исфрлиле лошата енергија која ве блокиpала и ве спречувала да постигнете успех.




Ако има развлечени влакна низ водата, тоа значи дека во вас постои т ага која „ве влече кон дното“. Меурчињата се знак за лоша организација и несогласување во домот…




Најдобро е откако ќе го завршите методот и „толкувањето“, содржината од чашата да ја фрлите во тоалетната школка. Доколку сметате дека домот не е темелно исчистен, според правилата на фенг шуи овој метод може да се спроведе и во следните две ноќи, а потоа да направите пауза од еден месец.

јајце / NMD.mk
јајце / NMD.mk
јајце / NMD.mk