ФАВОРИТ ЗА ПОЈАДОК: Вкусни веге-палачинки, здрави и многу заситни! Преполни со вкус и едноставни за правење, овие палачинки се фаворитен појадок во многу домаќинства.
Со совршениот спој на зеленчук, кашкавал и зачини, тие сигурно ќе станат и вашето ново омилено јадење! Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ-ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
за тесто:
2 јајца
1 прстофат сол
1 лажичка шеќер
350 мл млеко
300 мл топла вода
1 лажица сув квасец
450 г брашно
И уште:
2 големи пиперки
1 китка копар
1 китка магдонос
100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад скршете ги јајцата, па редоследно додавајте ги наведените состојки за тесто и измешајте за да добиете изедначена смеса без грутчиња. Прекријте ја со најлон фолија и оставете на топло да ферментира 30 минути.
Стасаното тесто промешајте го и во него додајте го сечканиот зеленчук и 100 г рендан кашкавал. Измешајте добро.
Загрејте нелеплива тава на умерена температура и намастете ја со масло.
Сипете од смесата и распоредете ја, па пржете 4 минути.
Горната страна премачкјате ја со масло, па свртете ја палачинката да се испече и на другата страна уште 2 минути.
Палачинките редете ги една врз друга. Не пропуштајте ги и другите предлози:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 јајца
сол, црн пипер
2 лажици брашно
1 главица кромид
1 морков
350 г зелка
4 чешниња лук
зачини по желба, магдонос, маслиново масло
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 компири
1 главица кромид
1 морков
200 г пиперка
1 модар патлиџан
3 јајца
1 чаша млеко
200 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 г кашкавал
маслиново масло, сол, црн пипер
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички
3 јајца
1 китка магдонос
1 китка копар
100 г рендан кашкавал
4 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво
сол, црн пипер
за сос:
4-5 лажици кисела павлака
1 краставичка
2 чешниња лук
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Изматете ги јајцата и зачинете го сол и црн пипер. Додајте брашно и добро изедначете, да нема грутчиња. Кромидот ситно исечкајте го и запржете го на малку масло. Морковот изрендајте го и додајте го во кромидот.
Продолжете со динстање на умерена температура додека зеленчукот малку да омекне. За тоа време ситно исечкајте ја зелката, па и неа додајте ја. Лукчињата ситно исечкајте ги и додајте ги во зеленчукот.
Динстајте го сето заедно неколку минути со повремено промешување додека да омекне. Посолете и зачинете по вкус.
Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во јајцата, а потоа додајте го и издинстаниот зеленчук, па сето убаво промешајте го за да се изедначат состојките.
Смесата сипете ја во намастена нелеплива тава, распоредете ја и печете под капак по 5 минути од двете страни.
ПОСТАПКА за рецепт 2:
Компирите изрендајте ги и оставете ги 15 минути да отстојат потопени во ладна вода. Кромидот ситно исечкајте го и запржете го на малку масло, Додајте ситно сечкан или рендан морков, а потоа и сотно сечкани пиперки.
Динстајте 2-3 минути а потоа додајте модар патлиџан исечкан на коцки. Зачинете со сол и црн пипер и продолжете со динстање уште 5 минути.
Ренданите компири процедете ги од водата. Додајте го издинстаниот зеленчук и промешајте.
Во посебен сад изматете ги јајцата, зачинете ги со сол и црн пипер, па додајте млеко, брашно и прашок за печиво. Сето убаво измешајте го да добиете мазна смеса без грутчиња, со густина на јогурт.
Смесата сипете ја во зеленчукот и промешајте. Плехот обложете го со хартија за печење, па намастете ја. Распоредете ја смесата и израмнете.
Ставете да се пече 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
Потоа посипете одозгора рендан кашкавал и вратете да се допече уште 10-15 минути. Сечете и послужете топло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.