Многумина од нас имаат проблем со акни и брчки, па поради тоа посегнуваме по скапи производи кои се полни со штетни материи и хемикалии. Тие производи не ни помагаат, а некои од нив дури можат да ја влошат состојбата.
Наместо тоа, најдобро е да ги испробате природните препарати како што е овој. Направете крем на многу едноставен начин, кој вашата кожа ќе ја направи почиста и поубава.
Потребни состојки:
1 лажичка лимонов сок
1 лажичка мед
1 лажичка мелено мускантно оревче
1 лажица цимет во прав
Постапка за приготвување и употреба:
Измешајте ги сите состојки во сад додека да добиете изедначена смеса, а добиениот крем нанесете го на лицето и оставете да делува 10 минути. Внимавајте на областа околу очите и устата при нанесување на било кој крем, освен ако не е наглесено дека е наменет исклучиво за овој дел.
Додека делува кремот ако почувствувате пецкање, тоа значи дека маската делува и тоа чувство на пецкање брзо ќе исчезне. Состојките во овој крем делуваат смирувачки врз вашата кожа, а пријатно ќе делуваат и при присуство на црвенило.