За сите љубители на кремастите колачи кои се топат во уста, го издвоивме овој рецепт кој откако ќе го испробате ќе стане вашиот омилен. Постапката за приготвување на овој колач е премногу едноставна и лесна, но крајниот резултат е нешто што ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за кора): 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 2 лажици гриз. За прелив на кората: 200 мл млеко и 1 кесичка ванилин шеќер. За фил: 400 г кисела павлака/милерам (20% млечни масти), 100 г кристал шеќер, 200 г мелена плазма, 5-7 лажици изматена слатка павлака
И УШТЕ: 350 мл слатка павлака (од вкупната количина кога ќе се измати се одвојуваат 5-7 лажици). Декорацијата останува по ваша желба. Може да ја украсувате го готварски шприц, да ја наросите со рендано чоколадо, мелени лешници, мелена плазма…
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете 4 јајца претходно оставени на собна температура и додајте 4 супени лажици шеќер. Изматете ги пенасто си миксер додека шеќерот да се растопи, а смесата да стане креаста и да го зголеми волуменот. Потоа додајте мешавина од 4 супени лажици брашно и 2 лажици гриз.
Продолжите да матите со намалена брзина на миксерот додека да се изедначи смесата. Калап со димензии 30х20 см намастете го путер или маргарин (тоа може да биде огноотпорен сад, плех или слично). Излејте ја приготвената смеса и распоредете ја рамномерно. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 18-20 минути (проверете со чепкалка).
Додека се пече кората пригответе го преливот: во еден ставете 200 мл млеко и додајте една кесичка ванилин шеќер и промешјте за да се раствори. Печената кора извадете ја од рерна и додека сè уште е топла избоцкајте ја на повеќе места со чепкалка за заби. Потоа полека прелијте ја со ладното млеко.
Прелиената кора оставете ја настрана да се лади, а за тоа време пригответе го филот: во подлабок сад ставете 400 г кисела павлака (најдобро е да користите милерам со мин.20% мм) и додајте 100 г ситен кристал шеќер. Мешајте со лажица неколку минути додека шеќерот да се растопи.
Во смесата додајте и 200 г мелена плазма, па продолжете со мешањето додека да се изедначат состојките во хомогена смеса. Настрана, во посебен сад изматете 350 мл слатка павлака додека да добиете фин шлаг. Од овој шлаг одвојте 5-7 лажици и додајте ги во смесата со плазма за да добие на кремаста структура.
Најпрво додајте пет супени лажици шлаг, промешајте за да се изедначат, па по потреба додајте уште една или две лажици шлаг. Потребно е да добиете убава кремаста смеса која може да се мачка. Кога кората целосно ќе биде изладена, нанесете го филот, рамномерно распоредете го и израмнете.
Одозгора рамномерно нанесете го шлагот од изматената слатка павлака, распоредете и израмнете ја површината. Одозгора можете да декорирате по ваша желба со рендано чоколадо, мелена плазма и сл. Пред послужување изладете ја тортата неколку часа во фрижидер, најдобро преку цела ноќ.