Во овој рецепт се содржат две мудроштини: тајната за совршена чоколадна торта и како засекогаш да останете здрави и витки. Всушност, ова е единствениот рецепт кој некогаш ќе ви биде потребен.
Нема зборови со кои може да се опише оваа волшебна торта. Тортата е толку многу вкусна и лесна, нималку тешка, а има одлична кремаста и пенлива структура, нешто случно на мусот.
Мене многу ми е тешко да запрам само на едно парче од оваа феноменална торта. Верувајте дека оваа торта која буквално се растопува во уста, за момент исчезнува од масата. Уверете се и сами – Ева.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 310 г темно чоколадо со минимум 70% какао, 10 поголеми јајца. Уште ќе би биде потребно 185 г темно чоколадо (исто, со минимум 70% какао) за глазура.
ПОСТАПКА: Вклучете ја ринглата да се загрева на 250 степени. Земете еден калап за торти со мобилен обраш и пречник од 20 или 22 см, па обаво обложете го со хартија за печење.
Тајната за приготвување на оваа торта, е всушност брзината со која се прави кога се растопува чоколадото и нејзиното печење на висока температура, што е невообичаено кога станува збор за печење торти.
На пареа растопете 310 г чоколадо (употребете некое повкусно и поквалитетно чоколадо кое содржи најмалку 70% какао). На страна одвојте ги белките од жолчките во посебни садови.
Белките пенасто изматете ги со прстофат сол, додека да добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата. На страна, пенасто изматете ги жолчките. Внимателно, во тенок млаз, започнете да го додавате растопеното чоколадо додека непрекинато матите со миксерот.
Додајте неколку лажици од снегот од белки, па малку промешајте, а потоа брзо и внимателно додајте го и остатокот од снегот, мешајки со лажицата и да добиете смеса слична на суфле. немојте премногу да мешате, за да не се изгуби пенливоста.
Оваа воздушеста смеса рамномерно распоредете ја во приготвениот калап, и веднаш ставете ја во загреаната рерна. Погледнете на часовникот и тортата печете ја точно 8 минути, никако повеќе од тоа.
Печената торта оставете ја прво да се олади во калапот на собна температура, околу половина час, а потоа ставете ја во фрижидер преку цела ноќ или најмалку два часа. Потоа, тортата превртете ја врз чинија за послужување и прелијте ја во тенок слој со чоколаден прелив.
Оставете ја уште 5 минути во фрижидер. Пред послужување, слаткарскиот нож натопувајте го во врела вода, пребришете го, па сечете ги парчињата. Послужете со свежо овошје. / Ева / Сооlinarika.com