Оваа торта е еден вид на брз чизкејк, оној што не се пече, а се приготвува на многу едноставен начин и многу брзо. Подлогата се прави од мелени кекси, а филот е мешавина од слатка павлака и крем сирење.
Потоа филот се поделува на два еднакви делови, и во овој случај во едниот се става растопено чоколадо, но вие може да додадете нутела или некој овошен прелив по желба. Еве што е потребно за да го приготвите овој колач според рецептот на Рада Врбљанац:
Потребни состојки за подлога: 300 г мелени кекси, 200 г растопен несолен путер и 5 лажици млеко. Потребни состојки за фил: 500 мл слатка павлака, 5 супени лажици шеќер, 1 растопен желатин, 500 г крем сирење (маскарпоне или по ваш избор), 100 г чоколадо.
За глазура ќе ви биде потребно: 100 г чоколадо, 3 лажици млеко и 20 г путер. Исто така, треба да приготвите и еден калап за торти со пречник од 26 см и по желба да го обложите со хартија за печење (не мора).
Постапка за приготвување на подлогата: 300 г мелени кекси помешајте со 200 г растопен и малку подизладен путер, па додајте и 5 супени лажици млеко. Соединете ја смесата додека да се изедначи.
Треба да добие конзистенција на влажен песок. Рамномерно распоредете ја во калапот за торти и притиснете одозгора со лажица или со дното на една чаша, за да се израмни површината.
За фил: изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг. Додајте пет супени лажици шеќер и мешајте додека да се растопи и изедначи. Желатинот растворете го со вода според упатството на кесичката и оставете го да набубри.
Потоа растопете го на пареа или во микробранова печка, па додајте го во изматената слатка павлака. Матете уште една минута за да се соедини. На страна пенасто изматете го крем сирењето, па соединете ги двете смеси.
Откако ќе го изедначите кремот, поделете го на два дела. Во едниот дел додајте 100 г истопено млечно чоколадо. Мешајте додека да се соедини и да добиете чоколаден крем.
Врз подлогата од мелени кекси прво нанесете го го чоколадниот крем, изедначете ја површината, а врз него нанесете го белиот крем. Најодозгора прелијте со чоколадна глазура.
Чоколадната глазура се приготвува на следниот начин: 100 г чоколадо, 3 лажици млеко и 20 г путер растопете на тивок оган додека состојките да се изедначат и да се добие сјајна глазура. Колачот добро изладете го во фрижидер пред послужување. Рецепт и фото на Вера Врбљанац.