Неверојатно вкусни ќофтиња од тиквички, однадвор крцкави, однатре сочни, а повкусни од месо. Тиквичките се исклучително здрав зеленчук, па затоа искористете ги колку можете повеќе додека се евтини на пазарите во нивната сезона. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквица, 3 јајца, 1 морков, 2 компири, 2 супени лажици гриз, 1 врзоп младо кромитче, сол и мелен црн пипер, масло. За сос: 2 супени лажици кисела павлака или цврст јогурт, корар/мирудија, 1 чешне лук
ПОСТАПКА: Тиквичката излупете ја и изрендајте ја, посолете ја и оставете да отстои 10-тина минути колку што е потребно да ги ослободи соковите. Потоа излупете ги морковот и компирите, па и нив изрендајте ги.
Компирот истискајте го низ раце за да излезе од него сокот, па ставете го во подлабок сад. Додајте го ренданиот морков, а потоа истискајте ја и ренданата тиквичка, па и некјзе додајте ја. Измешајте ги компирот, морковот и тиквичката.
Ситно исечкајте го младото кромитче и додајте го во мешавината. Следно додајте ги трите јајца, посолете и запиперете по вкус. Добро измешајте додека сите состојки рамномерно да се помешаат.
Најпосле додајте две супени лажици гриз и повторно промешајте. Оставете ја смесата 10-тина минути во фрижидер, а ако се брзате можете веднаш да започнете со подготовка. Со влажни раце обликувајте топчиња и спуштајте го во тава со загреано масло на умерена температура.
При спуштањето малку сплескувајте ги одозгора, но не премногу. Пржете ги 3-4 минути од едната страна или додека да заруменат, па внимателно превртете ги и пржете ги уште толку време од другата страна.
Во помал сад направете сос од кисела павлака со мелено лукче и ситно сечкан копар, посолете и запиперете по вкус, па послужете заедно со тиквичките од зеленчук. На здравје! Видеопрезентацијата можете да ја погледнете ОВДЕ.