Доколку ви се најавиле гости а сакате да ги изненадите со една убава домашна закуска, еве еден предлог како можете тоа да го направите за многу кратко време, а со закуската да послужите и некој пијалак…
Компирот можете да го послужите и како прилог.
Потребни состојки:
-компир
-зачин
-бибер
-сусам
-семки сончогледови
-масло
-3-4 лажици пченкарно брашно
-црвен пипер
-толчена лута пиперка
-1 лажица кисела павлака
Постапка:
Сите суви залини ставете ги во една поголема пластична кеса.
Компирите излупете ги и исечете ги. Измијте ги од скробот во ладна вода и исцедете ги.
Сечените компири ставете ги во кесата во зачини, затворете ја кесата и убаво протресете за да се обложат подеднакво.
Распоредете врз плех обложен со хартија и полијте со масло измешано со малку кисела павлака.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.