Home Десерти ФАНТАСТИЧЕН РЕФОРМ РОЛАТ…Овој десерт не смеете да го пропуштите…

ФАНТАСТИЧЕН РЕФОРМ РОЛАТ…Овој десерт не смеете да го пропуштите…

ФАНТАСТИЧЕН РЕФОРМ РОЛАТ…Овој десерт не смеете да го пропуштите…

Импресионирајте ги вашите гости со овој неодолив десерт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 јајца
8 супени лажици шеќер
200 г ореви
2 лажици брашно

Изматете 10 белки, постепено додавајќи шеќер. Кога смесата ќе стане цврста, рачно додајте 200 г ореви кои претходно сте ги измешале со брашното и нежно измешајте.

Смесата распоредете ја на плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече 15 минути во загреана рерна на 180°C.
Мојот плех е 33×43 см.

Кога ќе се испече, после неколку минути, кората свиткајте ја сосе хартијата за печење.

Фил:
10 жолчки
10 лажици шеќер
150 г чоколадо за готвење
150 г путер или маргарин

Изматете ги жолчките со шеќерот додека да згуснат, па сварете ги на пареа околу 15 минути, а потоа додајте го чоколадото и мешајте додека тоа да се растопи. Оставете го филот да се излади, а потоа соединете го со изматениот маргарин или путер.

Филувајте ја кората и свиткајте ја од кратката страна. Свиткајте во хартија и оставете го преку ноќ да се стегне, а следниот ден залијте го со чоколадна глазура.

Чоколадна глазура (растопете и соединете на пареа):
200 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење

Прелијте го ролатот, а остатокот изладете го, па изматете го како шлаг и потоа декорирајте го ролатот.

Уживајте!

Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: