Фантастичен колач од сливи и кокос, по рецепт од тетратката на баба ми…Овој колач ќе ве маѓепса со својот прекрасен вкус и мирис.
Целата ваша куќа ќе мириса на сливи и кокос.
Ви препорачувам да го направите за вашето семејство, ќе ви бидат многу благодарни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
350 г брашно
150 г + 100 г шеќер
150 г путер омекнат на собна Т
600 г сливи
100 г кокос
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад со миксер соединете брашно, шеќер (150 г), путер и 4 жолчки. Ќе добиете смеса како трошки. Сипете ја во намастен плех 36х22 см и натапкајте со дланките за да се распореди.
2.Одозгора наредете половинки сливи. Во посебен сад изматете ги белките вво цвврст снег со постепено додавање на 100 г шеќер. Додајтее кокос и промешајте со лажица.
3.Снегот од белки со кокос распоредете го врз сливите и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.