Брз и сочен колач со овошје од компот
Овој колач е вистинско спасение кога гостите ненадејно ќе најават доаѓање или кога сакате да подготвите нешто вкусно за кратко време.
Со меко тесто и кремаста прекривка од ванила, збогатена со парчиња праски, кајсии или мандарини, тој исчезнува за миг од чинијата.
Подготвен е за десет минути, а по печењето и ладењето станува уште посочен ако се остави преку ноќ, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За тестото:
2 јајца
80 g шеќер
1 пакетче ванилин шеќер (или 2 лажички)
80 g масло
140 g брашно
2 лажички прашок за печиво
НМД
За овошјето и прекривката:
480 g овошје од компот (праски, кајсии или мандарини), добро исцедено
сокот од компотот или џус/фанта од портокали за натопување на бисквитот
300 ml млеко
250 ml слатка павлака (со околу 36 % масленост)
2 пакетчиња крем во прав со вкус на ванила (тип „Парадиз крем“ или сличен, кој се мати со млеко)
малку бело чоколадо за рендување (ладно)
Потребен сад за печење: 18 × 28 cm

Постапка:
Прво загрејте ја рерната на 170 °C со горен и долен грејач.
Во сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека се добие пенаста густа смеса. Додајте го маслото и изматете.
Потоа вмешајте го брашното соединето со прашокот за печиво. Излејте го тестото во обложен сад со хартија за печење и израмнете го. Печете 15 до 20 минути додека да добие златна боја.
Додека се пече колачот, исцедете го овошјето од компотот и зачувајте го сокот. Добро исушете ги парчињата со кујнска хартија и ситно исечкајте ги. Ако користете мандарини излупете ги и исечкајте ги.
По печењето, извадете го колачот од рерната и оставете го да се излади малку. Отстранете ја харетијата и вратете го назад во истиот сад. Залијте го рамномерно со сокот од компотот или со џус за да биде сочен.
За прекривката, во сад измешајте 300 ml млеко и 250 ml слатка павлака. Додадете ги двете пакетчиња крем во прав и изматете со миксер 3 минути додека да се добие густ крем.
Додајте го овошјето и промешајте. Распоредете преку колачот и израмнете. На крај, изрендајте ладно бело чоколадо по површината.
Оставете го колачот да се излади во фрижидер најмалку 2 часа, а најдобро преку ноќ за да стане уште посочен и вкусен. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/Z5fz1NgZYPw?si=Lr_f1U9n3LOkMVeF












