ФАНТА РЕЦЕПТОТ Е СЕГА НАЈБАРАНИОТ…Вкусен сок со рок на траење од 2 години…Штом се појави сезоната на портокалите не пропуштајте да си подготвите вкусен сок богат со витамини, според овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг портокали
3 лимони
2 + 3 литри вода (вкупно 5 литри)
200 г шеќер
ПОСТАПКА:
Сите плодови измијте ги добро и исчеткајте им ја кората со сода бикарбона, па уште еднаш исплакнете ги. Излупете ја кората, но само пвршинскиот слој, без белиот дел кој има горчлив вкус.
Отстранете го белиот слој и семките, па исечкајте ги на парчиња. Овошјето и површинската кора залијте ги со 3 литри вода и ставете на оган. Од моментот на зовривање гответе 15 минути.
Изблендирајте, а потоа процедете. Во сокот додајте 2 литри вода и 200 г шеќер. Ако не сакате да користите шеќер, тогаш не додавајте го.
Вратете на оган и доведете до вриење. Штом зоврие еден клуч, тргнете го веднаш од огнот. Складирајте го додека е врел во загреани стаклени шишиња и добро затворете ги за да се вакуумираат. Оставете да се олади 20-24 часа.
Чувајте на темно и ладно место со константна температура, како што се подрумите. На овој начин сокот има рок на траење до 2 години. Постапката погледнете ја ОВДЕ: