ЕВТИНА ПИТА: Кога имате 3 компири и 3 јајца, не пропуштајте да го направите ова вкусно јадење…Крцка при секое гризнување…Прсти да излижеш! Одлично за вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 компири (приближно 300 г)
1/2 китка магдонос
3 јајца
буковец или чили, црн пипер во прав
2 супени лажици оризово брашно (или обично)
1 лажичка сол
150 г кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Компирите изрендајте ги оставете ги да отстојат во ладна вода додека ги приготвувате другите намирници.

2.Магдоност ситно исечкајте го. Додајте 3 јајца, посолете и запиперете. Измешајте.

3.Компирите ставете ги на цедалка и добро исецдете ги. Посипете ги со брашно и промешајте ги. Додајте ја смесата од јајца и магдонос. Посолете и промешајте.

4.Загрејте тава со малку масло на умерена температура. Распоредете половина од смесата со компири во тенок слој (за да се испечат добро компирите).

5.Наредете слој кашкавал.

6.Одозгора распоредете ја втората половина од смесата. Поклопете и печете на ниско-умерена температура 10-15 минути.

7.Свртете ја внимателно питата со помош на поголема чинија или даска, па печете ја питата уште 7 минути под капак.

8.Кога ќе зарумени и од другата страна, вашата пита можете да ја послужите. Питата можете да ја испечете и во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.