Ова е рецепт за евтина и чоколадна торта која се прави од гриз и пудинг, а како подлога се редат пишкоти или бисквити.
Оваа торта не се пече, многу е кремаста и брзо се приготвува.
Потребни состојки:
200 г пишкоти или бисквити
100 мл млеко
За фил 1:
12 лажици гриз
1 литар млеко
125 г путер/маргарин (половина маргарин од 250г)
4-5 лажици шеќер
3 жолчки
За фил 2:
4 пудинг од чоколадо
1 литар млеко
125 г путер/маргарин (половина маргарин од 250г)
4-5 лажици шеќер
Постапка:
За првиот фил: млекото се става на оган и уште додека е ладно му се додаваат 12 лажици гриз и жолчки.
Се вари на тивко со постојано мешање додека да се свари гризот и да згусне кремот. Пред крајот се додава и шеќер по вкус, па се меша за да се радтопи.
Во сварениот гриз додадете половина путер (125 г) и мешајте за да се растопи и соедини.
За втор фил: од литар млеко одземете 100-150 мл за да го размешате пудингот од чоколадо, а остатокот заедно со шеќерот ставете го на оган да зоврие. Потоа сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне.
Во сварениот пудинг ставете половина путер (125 г) и мешајте додека да се растопи и соедини.
Пишкотите се редат во калап како подлога и се натопуваат со 4-5 лажици млеко. Потоа нанесете го филот од гриз, па чоколадниот фил и на крај можете да ставите шлаг или да наросите кокос.
Деталите погледнете ги во видеото: