Високиот крвен притисок го загрозува здравјето на срцето и крвните садови, а го зголемува и ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Зголемен холестерол исто така, доведува до слични компликации, а животниот стил и навиките во исхраната во голема мера влијаат врз ризикот од срцеви заболувања. Затоа, најважно е да воведете избалансирана диета, но и чајот од овес може да помогне и тоа многу.

Оваа житарка е богата со фитостероли – супстанции кои ги чистат крвните садови и спречуваат холестеролот да се апсорбира во телото. Овесот можете да го јадете во облик на кажа, но многу поедноставно е да сварете чај. Постапката е едноставна.

Потребни состојки:

5 лажици овес

1 литар вода

Постапка:

Пет лажици овес потопете во еден литар ладна вода, па ставете на оган и загревајте полека до зовривање. Оставете да врие пет минути, па исклучете и оставете еден час да се лади.

Процедете и засладете со малку мед по потреба, но најдобро е да не го засладувате.

Пијте го во текот на денот наместо вода.

Чајот од овес е одличен за слабеење, ја регулира столицата а погоден е и за луѓе со чувствителен желудник.