Истражувањата покажуваат дека во моментите на стрес ни се јаде чоколадо или друг благ десерт кога во телото се активира примарниот одговор „бори се или бегај“. Клучниот виновник е, всушност, кортизолот. Овој хормон на стрес „ја краде“ енергијата од нашиот имунолошки систем и затоа добиваме силна желба за слатки, особено за чоколадо.
„Оваа желба е одговор на стресна ситуација во која се зголемува потребата за енергија“, објаснува д-р Ники Кеј, ендокринолог од Лондон. Парадоксално, ако јадеме чоколадо, ќе има зголемување на шеќерот во крвта, но и ќе се намали. Така се создава вистински „тобоган“ на стрес и желба за слатки.
Нутриционистите нè потсетуваат дека токму падот на шеќерот во крвта може повторно да го повлече „тригерот“ за одговорот на стресот. „Тогаш е неопходно да се подигнат масните киселини во крвотокот, за да се обезбеди гориво за главните мускули и мозокот“, вели д-р Сара Бруер. Таа наведува дека кортизолот е висок и наутро, кога телото излегува од периодот на „ноќен пост“.
Зошто токму чоколадото е на врвот од списокот на сите слатки?
Благодарение на триптофанот, есенцијална аминокиселина која се претвора во серотонин во мозокот, го подигнува расположението. Содржи и теобромин, стимуланс кој нѐ „подигнува“, но и нѐ опушта благодарение на фенилетиламинот.
Чоколадо најмногу јадеме дури и кога сме лути. Гладот и гневот често се мешаат, што е природно – кога сме гладни се јавува и агресија, механизмот за преживување кој ги терал нашите предци во потрага по храна. За да ги избегнете искушенијата од потребата за слатки, најдобро е да воведете медитеранска исхрана.
Тоа е исхрана со многу овошје и зеленчук, многу риба и вклучува јаткасти плодови и маслиново масло. Ова е исхрана со низок гликемиски индекс и ќе ви помогне да ги избегнете скоковите на шеќерот во крвта и желбата за слатки.
Кога јадете свежо овошје како што се: јагоди, малини, цреши, нектарини и сл., се надокнадува нивото на шеќер. Ако чувствувате ненаситна желба за шеќер, земете банани или некое суво овошје. Потребата за слатки може да се задоволи и со брза прошетка во моментот.
Тогаш мозокот ги ослободува хемикалиите ендорфини и енкефалини, кои делуваат како природен „опиум“. Кога ќе ви дојде желба за слатки, по потреба почнете да водите и мини-дневник. Во тие моменти, обидете се да се забавувате со нешто друго: повикајте ги пријателите, играјте со вашите миленици.
Од суплементите го препорачуваме хромот кој позитивно влијае на метаболизмот на гликозата. Овој додаток во исхраната го зголемува бројот на активни инсулински рецептори, па полесно делува на гликозата. Се смета дека хромот помага и при намалена чувствителност на инсулин. Прочитајте: Серотонинска диета – го регулира апетитот и ве тера на смеење, на природен начин – ОВДЕ.