Оние кои во својата градина имаат винова лоза, сигурно забележале дека кога ќе се засече стеблото од него започнува да капе бистра течност. Дознајте зошто е добро да се собере овој „нектар“.
Оваа постапка обично се спроведува во пролет, но може да се повтори и во текот на годината. Треба да го засечете стеблото од лозата и да ја соберете течноста за нега на косата. За што точно станува збор?
Овој совет го имаме наследено од нашите баби. Течноста добиена од стеблото на винова лоза е одлична доколку имате проблем со косата – многу оштетена, безживотна, сува или хемиски третирана коса, како и против опаѓање на косата.
Потребно е само да го засечете стеблото и да поставите стаклен сад, па да почекате да се наполни. Течноста е без мирис и речиси без боја (или малку жолтеникава), а најдобро е да се користи свежа и тоа така што ќе ја триете во темето и косата, па да оставите некое време да делува. Се повторува двапати дневно.
Според некои тврдења од овој „нектар“ косата расте побрзо, поздрава е, се подмладува и се заштитува од отпаѓање. Пожелно е постапката да се повторува 10 дена по ред.
Старите луѓе тврдат дека оваа течност е одлична за отстранување на лишаи (за само неколку дена исчезнуваат), против псоријаза, за нега на кожата но и против првут.
Сокот од стеблото на винова лоза е добар и за лекување на уморни, воспалени и отечени очи. Чувајте го во стаклени шишенца, па трипати дневно (наутро, напладне и навечер) ставајте облози со овој сок.