Сигурно и вие мислете дека летувањето е идеален одмор за душата и телото. Кога ќе помислите дека работата и секојдневицата се неподносливи, сигурно барем во мислите веќе сте отпатувани на некоја тропска плажа и размислувате на врвно уживање – легнати сте под палма додека ги впивате сончевите зраци.
А кога ќе слушнете што навистина се случува со вашето тело на еден таков одмор, можеби и ќе ја повлечете резервацијата за таквото летување.
Имено, лекарите велат дека излежувањето на плажа и сончањето водат директно кон зголемување на ризик од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Ова го тврдат врз основа на спроведено истражување во кое учествувале 28 возрасни лица.
Сите тие биле во одлична физичка форма и поминале 14 дена во рај за каков претходно говоревме – излежување на плажа. После 14 дена, лекарите им ја провериле состојбата на организмот, а добиените резултати биле следните:
-изгубиле третина од мускулната маса,
-обемот на половината им се зголемил за околу 1 см,
-зголемена телесна тежина.
Потребен бил најмалку еден месец после одморот за да се вратат во старата форма.
Ова е, велат лекарите, идеален начин на им се укаже на луѓето дека излежувањето всушност е штетно. Поради модерниот начин на живеење, повеќето од нас седиме пред компјутер или лежиме пред ТВ поголемиот дел од денот.
– Овие резултати не’ потсетуваат на важноста од физичката активност. Последиците од излежувањето се многу опасни – вели д-р Ден Кутбертсон од Универзитетот во Ливерпул.
Како што велат експертите, седмично мора да поминеме најмалку 150 минути во било каква физичка активност за да ги одбегнеме болестите како што се: дијабетес, срцеви болести и слично.