Дали знаевте дека изедете најмалку три банани дневно, може значително да го намалите ризикот од мозочен или срцев удар?
Според британските и италијанските научници, треба да јадете една банана за појадок, една за ручек и една за вечера, па на тој начин ќе му обезбедите на организмот доволно калиум. Со тоа се намалува ризикот од создавање на тромбови и крвни згрутчувања во мозкот за 21%, што воопшто не е малку.
Студијата објавена во Journal of American College of Cardiology упатува на тоа дека мозочниот удар во повеќето случаи може да се спречи, па дури и да се намали поради нивото на калиум кој се наоѓа во некои намирници како што се бананите, рибата, спанаќот и леќата.
Истражувачите откриле дека дневниот потребен внес на калиумот кој ќе го спречи ризикот од мозочен удар изнесува од околу 1600 мг. Просечна величина на една банана содржи околу 500 мг, па така, три банани дневно може да го намалат крвниот притисок и да помогнат во правилно функционирање на мозокот.
Еве кои се предностите од консумација на три банани дневно:
-се намалува депресијата
-се регулира крвниот притисок
-се регулира столицата
-лекува мамурлак
-за зголемува густината на коскената маса
-го намалува стресот
-помага кај пушачи да се намали влијанието на никотинот
-ги ублажува тегобите од ПМС
-помага при анемија
-помага во диетите за слабеење