ЕВЕ ШТО ПРВО СЕ ПРАВИ КОГА СЕ ОДИ НА ГРОБИШТА…И дали треба да се носи храна…

Одењето на гробишта и традициите поврзани со поменот на покојните се различни кај сите народи. Според христијанската традиција споменикот треба да биде скромен со христијански симбол во форма на крст.

Најважно е да се сеќаваме на нашите мртви, а тоа го правиме и преку одржување помени на кои обично се носи храна.

Што се однесува до ставот на црквата во однос на погребните служби и погребот на покојникот, најважно за црквата е житото, виното и самиот чин на опелото, односно молитвата.

Опело е молитва во која свештеникот се моли за упокојување на душата на покојникот и за простување на неговите гревови што ги направил како човек во својот живот.

Помените што се прават од дома до гробиштата се исто така важни, бидејќи помените се и молитва.

Веднаш штом ќе пристигнете на гробиштата, треба да запалите свеќа и да му прочитате молитва на покојникот.

Меѓутоа, во некои делови постојат обичаи поврзани со погребот, кои честопати дури и противречат на учењето на црквата.

Меѓу другото се споменува и големото и обилно подготвување храна и пијалаци за погребите, па се случува кога гостите јадат и пијат, погребот да се претвори во гозба која се граничи со веселба.

Тоа е неприфатлив грев кон покојникот и неговите роднини. Храната најдобро би било да се раздаде на сиромасите…

Во некои краишта, кога луѓето доаѓаат од гробиштата, чекаат во дворот каде сите си ги мијат рацете, земаат јаглен од жарот, го преместуваат во раце и го фрлаат преку себе.

Ова останало од времето кога имало многу заразни болести, а денес тоа не е потребно, доволно е само да се измијат рацете ако се фрлало земја.

Со четириесетдневното чествување се поврзуваат и бројни обичаи, меѓу кои е и колењето на јагне. Ова не припаѓа на црковните и верските обичаи, како и гозбите што се организираат по повод панихидата.

ПОМЕН 40 ДЕНА ПОСЛЕ СМРТТА…Обичаи

Поменот на четириесетиот ден е парастос отслужен на гробишта. Најчесто пропратен со задушница (раздавање на храна).

Домашните за поменот треба да подготват: варена пченица засладена со мед и измешана со ореви или други јаткасти плодови, со изобразен крст на средината, црвено вино, поскура (просфора, леб со печат ИисуС ХристоС НиКа), каделниче, се носат и ламбадата (големата свеќа, која се става на гробот кај нозете) и колакот (свеќа измотана во клопче, се става кај камарата).

Домаќините носат и мали свеќи, кои им се раздаваат на присутните, кои ги држат за време на пеењето. Луѓето што одат на поменот носат свеќи и ги палат на гробот, како и храна за раздавање.

Домашните раздаваат пакувани лепче, маслинка или кашкавал, благо (баклава) и овошје. Некои даваат и ручек или сендвичи. На месаријата и на оние, кои го облекувале покојниот им се дава и некое парче облека.

Најбитно за покојниот е да се отслужи поменот, од страна на свештено лице… Народните обичаи се добри, но не се суштински..

По упокојувањето на починатиот, душата 3 дена престојува на земјата. На третиот ден, за првпат се поклонува пред Најсветата Троица.

Од третиот ден до деветтиот се носи низ рајските населби. Деветтиот ден се поклонува повторно на Најсветата Троица.

Од деветтиот до триесет и деветиот ден душата го гледа пеколот.

Четириесетиот ден е денот на привремениот суд, кога душата бива испитувана за сите гревови и добри дела, кои ги направила.

За време на судот предвид се земаат и молитвите на Црквата.

Поради сето ова, потребно е да се прават помени за покојните третиот, деветиот, дваесетиот и четириесетиот ден, како и во саботите до саботата по четириесетдневниот помен (саботнини). В црква или на гробишта.

Големите задушници не се неопходни. Добро е на присутните да им се даде нешто за душа, како на пример колаче, или да се викнат дома на кафе. Потоа се прават помени на 3 месеци до трите години.

Има три вида на помени: трисагија (блудец), парастос (панихида) и света заупокоена литургија.

Трисагијата е мал помен кој се врши в црква или на гробишта. Обично се служи на саботнините и на тримесечните помени од година до 3 години.

Парастасот е голема заупокоена служба, која би требало да се отслужи на 3.,9.,20.,40. ден, како и на 3.,6.,9. месеци и годишните помени. Се служи в црква или на гробишта.

Светата заупокоена литургија е најголемиот и најзначаен помен. Исто е како и обичната света литургија, но се додава и ектенијата и молитвата за покојните, имињата се читаат и на проскомидијата, кога се вадат частиците, и на великиот вход.

Убаво е да се отслужи барем една света заупокоена литургија до 40. ден. Без разлика дали е за саботнина, или некој од деновите за помен или во недела или празник, кога има вообичаена литургија.