Според традицијата, Божиќната пченица се засадува на 17 декември на денот на Света Варвара или на 19 декември, на Свети Никола. Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството и со одење на црквените богослужби.

Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божиќната пченица.

Иако пред Божик може да се купи порасната зелена пченица речиси во сите поголеми маркети и цвеќарници, сепак, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете ја сами.

За да порасне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

За садењето потребен ви еден грст пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која претходно една ноќ киснела во вода.

Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири.

Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно во зависност од температурата во просторијата.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да можат зрната да набубрат и да има доволно количество влага за тоа.

Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да може пченицата расте слободно.

Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да се израмни, бидејќи често израснува нерамномерно. На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена панделка.