Ракот на белите дробови е еден од најсмртоносните видови рак воопшто и секоја година од него во светот умираат неверојатни 1,2 милиони луѓе. Главниот проблем се состои во дијагнозата поради незабележителните симптоми во раниот стадиум од болеста. Обично кога ракот ќе се детектира веќе е предоцна.
Можеби ќе ве изненади фактот дека дури 9 од 10 заболени лица од овој вид на рак се пушачи без оглед на честите тврдења дека нема дилеми околу главниот причинител. Според истражувањето од Британскиот Cancer Reasrch UK, 87% од заболените лица со рак на бели дробови во В.Британија се пушачи.
Спин теориите на тутунската индустрија посебно раширени во нашите краишта според кои „мојот дедо пушеше две кутии и живееше 90 години“ во пракса кај 9 од 10 пушачи не е така.
Во Кина која воедно и најголемиот пазар за цигари во светот, е направена студија во период од 2003. до 2010. година при што се направени 4543 тестирања со вкупно 1424 заболени од рак на белите дробови.
Кинеските истражувачи од Jiangsu Provincial Center for Disease се бавеле токму со истражување за природно превенирање на овој вид канцер со посебен акцент на пушачите кои главно се жртви од ова заболување.
Истражувачите дошле до интересни заклучоци и препораки. Имено, истражувањето покажало дека луѓето кои консумираат лук барем двапати неделно, макар и умерено, значајно го намалуваат ризикот за заболување од рак на белите дробови па дури и ако се пушачи.
Истражувачите ги тестирале пушачите заболени од оваа болест и ги споредувале со здрави луѓе проверувајќи ги нивните здрави навики а посебно консумирањето на лук. Студијата покажала дека луѓето кои користеле свеж лук барем двапати неделно во исхраната го намалиле за дури 44% ризикот од ова заболување.
Претходните истражувања и студии покажале дека соединението алицин кој го содржи истолчениот лук има силно антиоксидативно делување и го спречува формирањето на слободни радикали, главните виновници за создавање на разни заболувања.
Ова соединение ги спречува воспалителните процеси во организмот а студиите потврдиле дека алицинот превенира настинки, инфекции па дури и маларија, што е познато уште одамна кај народот кој со векови го користи лукот како лек.
Во Германија таблетите од бел лук се лиценцирани како официјален лек за атеросклероза. Светската здравствена организација (WHO) препорачува доза од едно чешне лук секојдневно во исхраната.
Студијата поврзана со превенција на ракот на белите дробови доаѓа како охрабрување за многубројните пушачи кои покрај секојдневните смртоносни докази по ниедна цена не сакаат да се одречат од оваа штетна навика. Според тоа, доколку не сакате да ги оставите цигарите, воведете го лукот во исхраната колку што можете повеќе.