Жолтите лисја на растенијата домати се чест проблем со кој се соочуваат безброј градинари во одреден период од одгледувањето на оваа градинарска билка. Особено ако сте почетници и сте засадиле неколку корења за да јадете органски домати ова лето, тогаш ќе ви бидат потребни следниве совети:




Проблемот е обично едноставен (како на пример, неправилното наводнување), но може да биде и болест на растенијата или некој надворешен фактор. Ова се најчестите 6 причини зошто листовите од доматот пожолтуваат и како да го решите проблемот:




1.Листовите на младите домати (расад) пожолтуваат

Ако долните лисја пожолтуваат на младите растенија или садници од домати, не грижете се. Ова се првите лисја што се формираат кога семето ‘рти, но тие не се „вистински“ лисја. Тоа што овие листови пожолтуваат е дел од процесот на развој и поради тоа немате причина да се грижите.




2.Премногу наводнување

Подобро е да се полеваат доматите помалку отколку да се полеваат премногу. Ако листовите почнале да пожолтуваат од врвовите до краевите, и крајот отпаѓаат – причината е премногу наводнување.




Никогаш не наводнувајте го растението ако видите дека почвата е влажна. Исто така, не ги полевајте листовите на растението, туку само неколку центиметри околу коренот на растението. Полевајте наутро за да спречи испарување што ќе спречи оштетување на листовите.




3.Густо збиена почва

Кога корењата немаат пристап до кислород, почнуваат да се задyшyваат. Корењата не можат да носат кислород до растението, но ниту водата и другите хранливи материи, па листовите почнуваат да пожолтуваат и да се сушат.




За да го избегнете ова, прекопајте ја неколку пати почвата во која ќе садите домати. Добро поѓубрете ја го, па засадете го растението. Раскопувајте го уште неколку пати додека да се формира и зацврсти растението. Подигнатите леи се совршени за садење домати и избегнување на „бетонирање“ на почвата околу растението.




4.Шok поради пресадување

Кога растението ќе се пресади од топло место, како што е стаклена градина, во отворена градина каде што е неколку степени постудено – првите лисја ќе пожолтат. Не дозволувајте тоа да ве загрижува, бидејќи ова е нормален процес.




Отстранете ги жолтите лисја за да му дадете на растението сила да се фокусира на растот и развојот. За да се избегне овој шok поради пресадувањето, најдобро би било садниците да се изнесат на свеж воздух неколку дена, за да може растението да се прилагоди пред пресадувањето.




5.Болест

Една од најподмолните причини за пожолтување на листовите е болеста. Неколку болести на растенијата домати предизвикуваат жолти листови, а многу од нив тешко се решаваат откако ќе се појават.




Првиот виновник е раната инфекција предизвикана од габи во почвата. За среќа, овој проблем е лесно да се забележи. На долните листови ќе се појави бледо жолта дамка која ќе се претвори во темно кафеава дамка со жолто на рабовите. Ако не се лекува, целиот лист ќе пожолте и ќе падне. За да го решите овој проблем лекот мора да го побарате во земјоделска аптека.