Home Останато Корисно Еве како да ги избелите јајцата за помалку од 15 минути

Еве како да ги избелите јајцата за помалку од 15 минути

За 15 минути можете да ги избелите јајцата со помош на оцет и вода.

Потребни состојки:

20 јајца

500 мл вода

500 мл алкохолна киселина (9%)

Постапка:

Јајцата прво измијте ги. Во шерпа ставете оцет и вода, наредете ги измиените јајца, па ставете ги на оган да се варат 10 минути. Ако премногу зоврие водата намалете ја температурата. Веќе на 4-тата минута ќе се појави кафеава пена која ќе мора постојано да ја тргате.

Кога јајцата ќе бидат сварени, тргнете ги од оган и налејте ги со ладна вода (без да ја истурате врелата вода). Со сунѓер или крпче тријте го секое јајце додека да побели.

Оставете ги целосно да се исушат и изладат, па продолжете понатаму со боењето или шарањето. На овие јајца главно се прави декупаж техниката со салветки.