Home Останато Корисно Еве како да ги имате најубавите јајца за Велигден – лесно се...

Еве како да ги имате најубавите јајца за Велигден – лесно се приготвуваат

Се наближува Велигден и вапцањето на јајца. Секако, најлесно е да се купи некоја боја и да се офарбаат јајцата онака како што прават сите останати.

Меѓутоа, ако сакате да бидете малку покреативни и да добиете најубави јајца кои ќе ги фасцинираат вашите гости, мора да го испробате овој трик.

За да добиете јајца кои оставаат без здив, следете ги овие инструкции:

1.Исечете парчиња свила со некој интересен дезен и исто толку парчиња бело платно.

2.завиткајте го јајцето во свила, а потоа во бела ткаенина, па закачете со шнола за коса.

3.Повторете ја постапката со останатите јајца.

4.Јајцата ставете ги во метален или стаклен сад, па дополнете со вода.

5.Во водата додадете 3 супени лажици алкохолна киселина. На умерена температура (на среден оган) оставете да зоврие, па варете ги јајцата уште 15-тина минути.

6.Извадете ги јајцата и оставете ги да изладат, а потоа одвиткајте ги.

Истата свила можете да ја користите неколку пати.

Погледнете го видеото: