Идеал за секоја домаќинка е чиста, бела како снег облека, која мириса на свежина. Кон ова тежнее секоја домаќинка. Меѓутоа, често се случува да погледнеме со дворовите на соседите и да забележиме дека кај едните се сушат перфектно бели алишта а кај другите сиви, избледени чаршави.
Зошто тоа се случува и како да го постигнеме ефектот на идеална белина без премногу напор?
Веќе ги испробавте сите синтетички избелувачи кои благо речено ви ги истенчија алиштата, без посакуваниот резултат?
Како да се избелат алиштата и да им се врати нивната претходна белина?
Не очајувајте. Постојат и народни средства кои ги користеле и нашите баби. Понекогаш тајната за чисти бели алишта не се крие во скапите средства од познатите произведувачи, туку во едноставните народни средства.
Еден од таквите начини е избелување на облеката со помош на калиум перманганат. Пробајте, ќе бидете изненадени со резултатот.
Како да се избелат алиштата со калиум перманганат
1.За почеток набавете од аптека најобичен калиум перманганат (хиперманган). Во домашни услови со ова евтино, а многу корисно средство направете го следното: во 10 литри врела вода (во леген) ставете неколку кристали од хиперманганот за да добие водата розева боја. Не претерувајте, за да не добие темновиолетова боја. Бојата мора да биде розева!
2.Ставете 200 г детергент за перење алишта и промешајте.
3.Ставете ги мокрите алишта во овој раствор. Одозгора покријте со кеса или фолија и оставете да се киснат алиштата околу 4-5 часови (или преку цела ноќ).
4.Потоа, алиштата исцедете ги, ставете ги во машина за перење, и исперете ги на вообичаен начин.
5.По потреба повторете ја постапката,
Совет плус: обичната сода бикарбона ќе ви помогне да заштедите на скапите средства за перење и избелување на облеката.
Резулатите ќе бидат подобри доколку при перење на висока температура додадете 2-3 лажици сода бикарбона во прашокот за перење. Содата ја намалува тврдината на водата, па така детергентот ќе стане поефикасен.
Како добар избелувач, некои жени користат и прашок за печиво. Потребно е да го ставите пред перењето заедно со детергентот во истата преграда од машината.