Есенски палачинки од тиква и јаболко
Во срцето на есента, кога тиквата и јаболката го исполнуваат воздухот со својот природен мирис, овие палачинки стануваат вистински празник на вкусовите.
Едноставни, здрави и економични, тие се идеални за појадок, вечера или десерт, а се подготвуваат брзо со состојки што секогаш ги имате при рака, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
150 г тиква
1 јаболко (150 г)
4 лажици гриз
2 јајца
100 г јогурт (или кефир)
прстофат сол
1 лажичка ванилин шеќер
1 лажица брашно
1/2 лажичка прашок за печиво или 1/4 лажичка сода бикарбона
НМД

Постапка:
Излупете ја тиквата и отстранете ги семките. Измерете 150 г излупена тиква и изрендајте ја. Земете едно средно јаболко (околу 150 г) и изрендајте го.
Во сад ставете ги изренданата тиква и јаболкото, додајте четири лажици гриз и добро измешајте. Гризот веднаш ќе почне да се натопува со соковите од овошјето.
Додајте две јајца, 100 мл јогурт или кефир на собна температура, една лажичка ванилин шеќер и прстофат сол за да се истакне природната слаткост.
Промешајте повторно. Потоа додајте една лажица обично пченично брашно и половина лажичка прашок за печиво или четврт лажичка сода бикарбона.
Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 15 до 20 минути за гризот целосно да набабри.
Тестото ќе биде густо. Загрејте тава на средна температура, ставете малку растително масло и формирајте палачинки со лажица.
Печете ги на среден или малку под среден оган за рамномерно да се испечат, додека од двете страни добијат златна боја. Кога на површината ќе се појават меурчиња, а долниот дел ќе порумени, превртете ги.
Готовите палачинки послужете ги топли со кефир, јогурт, чај или мед. Ова јадење е економично, дава голема количина и може да се носи како ужина на работа. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































