Дивите костени може да се најдат насекаде, наесен: во паркот, градините, училишните дворови, па дури некогаш и пред вашиот дом. Тие наликуваат на мазни, сјајни кафеави камчиња, и обично ги собираат малите деца за да си играат и прават фигури со нив.




Сепак, оние поискусните и познавачите на природната медицина, ги собираат бидејќи знаат колку се корисни, за со нив да си приготват разни домашни лекови. Дивите костени ги има само наесен, па доколку сте заинтересирани, прочитајте неколку рецепти и дознајте за што може да ви помогне дивиот костен.




МАСТ ЗА Б ОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Есенски диви костени и путер или растително масло, во однос 1:1 (колку костени, толку путер/маст/масло). Доколку се одлучите да користите свинска маст, тогаш претходно треба да ја исперете во девет води.




Перење на свинска маст во 9 води: маста ставете ја во длабока чинија и додајте ладна вода, па мешајте ја неколку минути со лажица. Може да ја ставите и во подлабок сад и да ја матите со миксер. Водата истурете ја и постапката повторете ја уште осум пати. После 9-тото перење, маста ќе биде снежно бела и кремаста.




ПОСТАПКА: Наберете костени, измијте ги убаво од нечистотија и избришете ги. Потоа изрендајте ги (ова е најтеш-ката задача, бидејќи костените се многу цврсти, па некои едноставно ги ситнат со помош на чекан). Иситнетите костени распостелете ги на памучна крпа и оставете ги ден-два да се потсушат.




Потоа измерете ги и додајте во нив растопен путер/маст или растително масло, во однос 1:1. Смесата ставете ја на оган и откако ќе зоврие варете на умерена температура околу пет минути. Потоа оставете да излади на собна температура, поклопете и оставете да отстои пет дена.




После пет дена, садот ставете го повторно на оган и загревајте на ниска температтура колку да се растопи маста/путерот, односно да се загрее маслото. Потоа процедете низ газа или сито и добиената маст/масло складирајте го во соодветни садови или стаклена тегла. Оваа маст се користи за б олки во зглобови, особено колена, или б олни и воспалени мускули.




БАЊА ОД КОСТЕН ЗА УМОРНИ СТАПАЛА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 лажици ситно сечкани диви костени и 5 литри вода. ПОСТАПКА: Ако ве б олат стапалата, обидете се бањата од див костен која делува многу закрепнувачки.




Претходно исечканите и исушените диви костени (20 супени лажици) се варат во вода (5 литри), околу 10 минути после зовривањето. Почекајте водата да се излади до температура погодна за телото, па потопете ги стапалата и киснете ги 10-20 минути.




АНАЛГЕТСКА ПАСТА ОД ДИВ КОСТЕН ЗА Б ОЛНИ СТАПАЛА И ЗГЛОБОВИ. Ситно исечкан див костен ставете во едно тенџере и прелијте го со врела вода колку да се прекрие. Ставете на оган и варете го доволно долго додека да добиете еден вид на густа каша.

Почекајте да се олади, па нанесете ја на газа или памучна ткаенина и обложете го б олниот зглоб или стапалата. Оставете да делува додека да помине б олката. Доколку е потребно, дополнително фиксирајте со проѕирна фолија.




БРЗО ОЛЕСНУВАЊЕ НА Б ОЛКАТА: Загрејте неколку диви костени во микробрабовата печка, завиткајте ги во крпа и ставете ги на пого-дената област. Постапката повторувајте ја по потреба.

ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА ЗА РЕВМАТСКИ БОЛКИ, ЦЕЛУЛИТ, ПОПУШТЕНИ ВЕНИ. Колку можете поситно исечкајте 5-7 диви костени (може и повеќе). Ставете ги во тегла со силна ракија или чист медицински ал-кохол (да биде исполнета нешто над половината).

Оставете ја теглата на темно место, па после три седмици процедете и чувајте во темно шише. Се нанесува како облога или нежно се нанесува на зафатеното место.