ЕСЕНСКИ КОЛАЧ…За 5 минути ги мешам состојките, додавам ореви и го печам…Многу вкусно и здраво…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (длабок калап 23 х 8.8 см):

3 јајца
150 г шеќер
50 г кафеав шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
80 мл масло
180 г брашно
10 г прашок за печиво
1/2 лажиче цимет
100 г ореви
200 г моркови

ПОСТАПКА:

Со жица изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па додајте масло и на крај просеано брашно помешано со прашок за печиво и цимет. Во хомогената смеса додајте ситно сечкани ореви и рендани моркови, па промешајте.

Смесата сипете ја во калап обложен со хартија и печете го околу 1 час во загреана рерна на 180 степени.

Постапката погледнете ја ОВДЕ:

ПРОЛЕТЕН КОЛАЧ…Посен, здрав, и многу вкусен…За помал стомак и поздраво тело…