Енергетски колачиња без шеќер и брашно…Здрави и вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

80 г суви кајсии (потопени во топла вода 5 минути, па исечени на помали парчиња)
100 г кикирики
50 г ореви, сечкани
50 г бадеми сечкани
30 г семки од тиква
40 г семки од сончоглед
по 1 лажица/лажичка – ленено семе, сусам и семе од афион (додајте по вкус)
белка од 1 јајце
1 лажица течен мед (по вкус)

ПОСТАПКА:

1.Крупните јаткасти плодови исечкајте ги на поситно, рачно или во блендер.

2.Во подлабок сад измешајте ги сите семки и семиња.

3.Додајте една белка од јајце и една лажица мед, па сето добро промешајте го.

4.Во плех обложен со хартија за печење црпете со лажица и обликувајте колачи. За правилни облици користете мал тркалезен обрач/модла.

5.Печете ги 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се оладат пред консумација за покрцкав ефект. Постапката погледнете ја ОВДЕ.