Фото и рецепт: Дубравка Рисек

Овие ситни бомбици обично се приготвуваат за Божиќ бидејќи многу се декоративни и вкусни, за посни слави и други разни пригоди, но бидејќи се многу се вкусни може да се приготвуваат било кога и без повод. Многу се вкусни, а количината како и видот на шеќерот можете да ги прилагодувате според ваш вкус.

Потребни состојки:

1 кг моркови
500 г интегрален или обичен шеќер (може и ситен брезов шеќер)
2 портокали – кора и сок

Постапка:

Морковите убаво измијте ги и излупете ги, а потоа изрендајте ги на ситно ренде. Ставете ги на умерен оган да се динстаат заедно со половина килограм шеќер.

Динстајте со повремено промешување додека да испари течноста, а потоа додадете сок и изрендана кора од два портокали.

Продолжете со динстањето додека целата течност да испари, па тргнете на страна да се олади целосно. Вадете од смесата и формирајте топчиња, а потоа валкајте ги во ситен кристален шеќер.

Формираните топчиња редете ги на хартија или сад за послужување и оставете ги да се сушат на воздух. Може и хартијата малку да ја наросите со шеќер. Повремено проверувајте ги и превртувајте ги, а доколку некое топче се залепило, повторно наросете го со шеќер. Однадвор треба да се создаде тенка коричка, а одвнатре да останат меки.

Фото и рецепт: Дубравка Рисек