Потребни состојки:
Половина квасец (или едно лажиче сув квасец)
1 шоља млака вода
2 -1/2 шољи брашно
1 лажиче сол
1 лажица шеќер
Половина шоља нутела
Пченкарно брашно
1 матено јајце на кое сте му додале 30 милилитри вода
Подготовка:
Во сад растопете го квасецот со четврт шоља млака вода и оставете околу 10 минути да нарасне.
Во друг сад измешајте ги брашното, солта и шеќерот, а потоа додадете го стасаниот квасец и преостанатата млака вода.
Измесите го тестото.
Така подготвеното тесто ставете го во сад и покријте го со пластична фолија.
Оставете го на топло место да кисне.
По околу 1 час, кога ќе ја дуплира својата големина, готовото тесто се дели на два дела.
Едниот дел со помош на сукало се прави во форма на правоаголник.
Кората се премачкува со нутела, при што треба да се внимава да останат неизмачкани 1-1,5 сантиметар од краевите на кората.
Над неа се поставува и втората кора која сте ја подготвиле на истиот начин како и првата.
Од правоаголните кори се исекува форма на елка и гранки.
Потоа спирално се завртуваат гранките на елката.
Кога ќе ја подготвите елката ја ставате во тава за
печење која сте ја испрскале со малку масло
Одозгора наросете малку пченкарно брашно.
Изматете го јајцето и премачкајте ја горната површина од елката.
Печете на 180 степени 20 минути, а потоа на 220 степени уште 5 до 7 минути.
Треба да се добие светло кафеава боја.
Добар апетит
Извор: nmd.com.mk