Една од навидум нерешливите мистерии е прашањето кога бојлерот троши најмалку струја – кога е постојано вклучен или кога се вклучува по потреба.
Интернет форумите, социјалните мрежи и дискусии во живо – во која било форма, ова прашање е секогаш актуелно и никогаш не можеме да дојдеме до конечен одговор.
Некој ќе ви каже дека е многу порационално да го оставите бојлерот вклучен цел ден и ноќ, бидејќи тогаш не мора да ја загрева целата вода, туку само да ја подгрева, односно догрева,а други ја застапуваат теоријата дека најдобро е да го вклучувате само по потреба. А еве што вели еден сервисер на овие апарати во домаќинство за таа дилема.
Апсолутно не е точно дека е подобро за паричникот ако го оставите бојлерот цело време вклучен. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Така, доколку се работи за самец или брачен пар, порационално е да го вклучуваат бојлерот само кога е потребно.
Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е да го имаат бојлерот постојано вклучен бидејќи во секој момент некому ќе му затреба топла вода.
Исто така, голема улога игра и намената на бојлерот – ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш пологично е повремено да го вклучувате, а ако се работи за бојлер со голем проток кој го користите и за кујнски потреби , тогаш најверојатно многу ретко ќе го исклучувате.
Затоа, поекономично е да го вклучите кога е потребно, а секако, доколку веќе внимавате на заштедата, ќе гледате да го вклучите во поевтина тарифа.
Што се однесува до продолжувањето на векот на бојлерот, како што објаснува овој мајстор, сеедно е дали работи постојано или не, сè додека сите делови се во ред, бидејќи „не е човек на кој му треба пауза. ”
Она што, од друга страна, навистина функционира е да го поставите термостатот на 55-60 степени. Нека највисоката вредност на која ја прилагодувате е можеби 60. Под 55 не се формира бигор..
Од друга страна, ако термостатот постојано се поставува на 90, ќе се формира многу повеќе бигор, особено во условите овде, бидејќи нашата вода е тврда.