Современиот човек континуирано се судира со секојдневни фактори кои го нарушуваат неговиот цревен бaланс.
Нездравата исхрана, стресот и постојаното брзање, вирусните инфекции и земање антибиотици честопати не само што ја нарушуваат рамнотежата на метаболизмот и варењето на храната туку и ја намалуваат имунолошката отпорноста на организмот воопшто.
За среќа, тука е: PharmaS PROBalans- ПОВЕЌЕ ОД ПРОБИОТИК
Што е PROBalans?
PROBalans претставува иновативен синбиотик од најнова генерација за брзо воспоставување на природната рамнотежа и регулација на цревната микрофлора.
Содржи единствена формулација на внимателно одбрани пробиотски соеви, апигенин од цветот на камилица и екстракт од лист од нане за дополнителен спазмолитичен и противвоспалителен ефект, како и цинк и витамин Б6 како потпора за метаболизмот.
Клучни предности на PROBalans капсулите?
• Претставува комбинација од добри млечно киселински бактерии и пробиотици
• Го ублажува интензитетот и го намалува времетраењето на дијареата
• Го урамнотежува метаболизмот
• Го зајакнува имунитетот
• Пробиотиците се заштитени со желудечно отпорна капсула поради што значајно се зголемува бројот на преживеани бактерии.
Зошто PROBalans е толку иновативен и како делуваат неговите состојки?
ПРОБИОТИЦИ – ДОБРИ МЛЕЧНО КИСЕЛИНСКИ БАКТЕРИИ
PROBalans содржи висока концентрација на три добро познати пробиотици: Lactobacillus acidophilus LA3, Bifidibacterium animalis ssp.lactis BLC1 I Lactobacillus casei BGP93.
ПРЕБИОТИЦИ – ХРАНА ЗА ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ
PROBalans содржи и инулин, јаглен хидрат неразградлив за нашиот организам, кој служи како храна за млечно киселинските бактерии и го овозможува нивниот раст и дејство.
ЦИНК
Цинкот е минерал кој го ублажува интензитетот и го намалува времетраењето на дијареата. Во препорачаните дози, цинкот придонесува за нормалниот киселинско-базен метаболизам и ги штити клетките од оксидативен стрес односно го засилува имунолошкиот систем.
ВИТАМИН Б6
Витаминот Б6 во форма на пиридоксин хидрохлорид во висока доза од 100% RDA/капсула истотака е дел од оваа формула. Витаминот Б6 придонесува за нормалниот метаболизам на протеините и гликогенот.
АПИГЕНИН ОД ЕКСТРАКТ ОД ЦВЕТОТ НА КАМИЛИЦА
Една од клучните состојки на PROBalans е токму екстрактот од цвет на камилица (Matricaria recutita L. Asteraceae) со висок удел на флавониодот апигенин.
ЕКСТРАКТ ОД ЛИСТ ОД НАНЕ
Важна состојка во PROBalans формулацијата која содржи полифеноли,флавоноиди и тритерпенски киселини.
ЖЕЛУДЕЧНО ОТПОРНА КАПСУЛА
Благодарение на оваа капсула која е отпорна на делувањето на желудочните киселини значајно се зголемува бројот на преживеаните корисни бактерии. Имајќи во предвид дека капсулата е од растително потекло, производот е погоден и за вегетаријанци и вегани.
Пред употреба задолжително прочитајте го упатството.
Филип Ачкоски, м-р по фармација, топедукатор
PharmaS PROBalans- ПОВЕЌЕ ОД ПРОБИОТИК
ПхармаС Лекови дооел, Бул.8-ми Септември 2/2-2/5,
1000 Скопје Р.Македонија Т:+389 2 2550 350 Ф:+389 2 2550 351
www.pharmas.hr