Илина: мевлемот навистина е екстра и им го препорачувам на сите. Особено е добар бидејќи се’ во него е природно и може да се користи и за хемороиди, па дури и за надворени проширени вени.
Јас бев скептик кога го добив рецептот, особено затоа што содржи лута пиперка, па затоа се консултирав со лекар пред да го направам и да го употребам (а истото ви го препорачувам и вам), а тој ми рече дека смее да се користи без проблем. Мене ни ми пречеше за болни места (воспалени зглобови, менструални болки и болка во грбот), ниту и наштети на мајка ми за надворешни вени, туку напротив, ни помогна на двете.
Лутата пиперка загрева, а маслото од мента лади, па така се создава идеална температура за телото. Мое мислење е дека е пресилен за деца и помлади лица, јас имам 28 години и го користам со согласност на доктор.
Сите состојки со исклучок на козјото сало можете да ги најдете во Билна аптека. Козјото сало или лој кое се добива од стомачната празнина на животното е најлесно да се добие од луѓе кои чуваат кози или побарајте на пазар од луѓе што продаваат козјо млеко и сирење. Малку е тешко да се набави зошто не го даваат туку така.
Потребни состојки:
800 г растопено козјо сало (лој)
50 мл маслиново масло (по можност екстра девствено)
50 мл масло од каранфилче
50 мл масло од мента, нане
3 супени лажици лута пиперка во прав, капсаицин
*Има готов мевлем на пазарите кое во составот содржи маслиново масло, мајчина душичка, каранфилче и капсаицин.
Постапка:
Растопете го козјото сало на тивко и внимавајте да не ви загори. Процедете го во пласетичен сад.
Кога салото ќе биде млако, додадете маслиново, каранфилово, нанеово масло и капсаицин (црвен лит пипер во прав) и мешајте додека да се изедначи.
Смесата ми рекоа дека треба да се меша ИСКЛУЧИВО со дрвена лажица (искрено не знам зошто, но со ментална и пластична лажица наводно не успева, па јас се придржував строго до упатствата).
Додека смесата се лади на собна температура потребно е да се промеша неколку пати бидејќи цапсаицинот (црвениот пипер) ќе падне на дното.
Складираната смеса во стаклени теглички се чува во фрижидер.
Една тегличка оставете на собна температура бидејќи полесно се размачкува. Мевлемот можете веднаш да го користите откако ќе излади. Искрено се надевам дека некому ќе му помогне како што ми ми помогна мене и на мајка ми.
Мелемот нема рок на траење, јас го имам веќе една година, го чувам во фрижидер и ги нема променето својствата.