Ако сакате брз колач со бисквит и крем , тогаш ова е вистинскиот избор за вас, екстра брз колач, сè во едно. Бисквитот од какао со крем од пудинг и кисела павлака, пробајте, нема да зажалите.
Потребни состојки:
1 прашок за печиво
2 лажици какао
250 г брашно
100 мл масло
1 ванилин шеќер
100 мл млеко
5 јајца
250 г шеќер
За крем:
800 мл млеко
4 ванилин шеќер
2 пудинг од ванила
за прелив:
400 мл кисела павлака
6 лажици шеќер во прав
Постапка:
Сварете го пудингот со ванилин шеќерот и млекото (или можете да го сварите и според упатството), па кога ќе згусне, оставете го да излади целосно.
За кора: Изматете ги жолчките со шеќерот додека тие да побелат, па додадете ги останатите состојки, а на крај внимателно промешајте го снегот од белки.
(Користете шпатула или дрвена лажица, па мешајте со превртување на смесата за да остане пенлива).
Добиената смеса излејте ја во намастена и набрашнета тепсија 30х20 см.
Со лажица ставете парчиња од изладениот пудинг, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.
Киселата павлака измешајте ја со шеќерот, па премачкајте го печениот колач одозгора и вратете го во рерна да се допече уште 10-тина минути во рерна.