Експрес колач за 5 минути…Многу вкусен, дур се свртиш целиот го изеле…

Подгответе вкусна торта, буквално за 5 минути – Супер вкусна и исчезнува за миг! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јаболко
1/2 лимон
1 лажица шеќер
1 лажица путер
цимет по вкус
1 лажица џем од кајсии

За тесто:
2 јајца
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
100 г шеќер
100 мл масло
150 г цврст јогурт или к.павлака
200 г брашно
15 г прашок за печиво

шеќер во прав за посипување

ПОСТАПКА:

Јаболкото исечете го на тенки листови и посипете го со сок од половина лимон. Во сува тава растопете шеќер и путер додека да се карамелизира, па додајте ги јаболката и посипете ги со цимет по вкус. Додајте џем и тргнете ги настрана да се оладат.

Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќер и ванила додека да станат кремасти. Додајте масло и јогурт, изедначете па соединете со просеано брашно во кое сте додале прашок за печиво.

Сипете во намастен и набрашнет калап 18х27 см, а одозгора распоредете ги јаболката. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Кога малку ќе подизлади посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Ова е најлесниот рецепт за најубавата пита со јаболка, затоа сите го бараат