Откако беа направени стотици експерименти за поврзаноста на спиењето со здравјето, водечките светски научници открија што е потребно за одржување на оптимално здравје. Сите отстапки го доведуваат организмот во опасност и го прават подложен на болести.
Имено, здравствените научници дошле до сознание дека луѓето треба порано да одат на спиење и да стануваат пред изгрејсонцето. Најдобрите часови за одморање на телото се помеѓу 22 часот и 6 наутро. Следат интересни совети за добар сон.
Легнувањето на полноќ или после полноќ е многу штетно за човековото здравје и претставува директен причинител за многу модерни болести како што се кардиоваскуларните болести и pакот.
Природата делува преку прецизни ритмички кругови кои се наоѓаат под влијание на Земјината ротација, Сонцето и Месечината. Функциите на спиењето и будноста се во согласност со секојдневните циклуси на тој ритам.
Човековите тела, исто како и Мајката природа, функционираат според природни циклуси, телесен ритам кој обично се нарекува биолошки часовник или биоритам.
Пореметувањето на природните функции на нашиот биолошки часовник, вон неправилните навики и неправилното спиење, предизвикуваат многу различни заболувања.
Кога нашите тела се вон рамнотежа и не функционираат во хармонија со природата, ништо не ни функционира нормално.
Тоа е така затоа што хормоните, xемикалиите и невpотрансмитерите кои го одредуваат нивото на нашата енергија, виталност и како ќе се чувствуваме, спиеме и јадеме – не се синхронизирани.
Со други зборови, ние сме дисбалансирани и не сме во склад со нашиот биолошки часовник, па одиме спроти природната хармонија која ја воспоставила Мајката Природа.
Пред употребата на електричната стуја, луѓето оделе на спиење речиси веднаш после залезот на сонцето, како што прават речиси сите животни (освен ноќните грабливци). Најдоброто време за спиење за нашето тело е помеѓу 22 часот и 6 часот наутро.
Биоритам на организмот
Човечкиот организам го следи општиот ритам на природата затоа што се состои од атоми, молекули и меѓупростори во кои се одвиваат истите процеси како и во природата.
Животот на нашата планета директно зависи од промените на годишните времиња, деновите и часовите.
Во зимските и првите пролетни месеци природата е yмртвена а човекот расходува најмалку енергија, додека во летните и есенските месеци е обратно. Во утринските и дневните часови природата се буди, воздухот се загрева и се раздвижува.
Поради тоа и човечкото тело станува поактивно и тежи кон внесување и преработување на храната, односно да добива и да троши енергија. Во вечерните и ноќните часови воздухот не се загрева и настапува период на мирување.
Во овој период во организмот се активира процесот за обновување на структурата, и настапува мирување.
За непрекинато функционирање на организмот, потребно е тој да биде складен со ритамот на природата. Ако човекот го следи ритамот кој што му го диктираат природата и сопствениот организам, тогаш тој најчесто не би имал проблеми со здравјето.
Дебелото црево на пример, е најактивно од 5 ч до 7 ч наутро кога во него се создава екскрементот и започнува да се движи надолу. Затоа ова е најдоброто време за празнење на цревата.
Најголемата активност на желудникот е од 7 ч до 10 ч – кога е најприродно време за земање храна. Тогаш храната најдобро се преработува. Во следните 4 часа сите органи активно се активираат, и во тој период организмот бара многу храна која лесно и бргу ја преработува.
Од 14 ч до 18 ч е време на најголемата активност и работна способност на човекот. Во исто време активно се одвиваат процесите на преработка на храната и чистењето на организмот.
Во периодот од 18 ч до 22 ч природата се смирува а истото се случува и во организмот. Исполнет од доживувањата од денот, на човекот му е потребно мирување за да може да ги обработи податоците со кои се стекнал.
Организмот преоѓа во фаза на акумулација и обновување. Почетокот од овој период е поволен за физички вежби, а крајот за подготовка за спиење. Човекот кој ќе замине на спиење во 22 часот, најдобро ќе се одмори.
Ако не се почитува ова правило, и не се појде на спиење во 22 часот, тогаш постои ризик од неправилно насочување на работата на својот организам.
Имено, во овој период, од 22 ч до 2 ч по полноќ, повторно се активира апетитот, и ако тргнете по него, ќе дојде до нарушување во размената на материите во организмот.
Од 2 ч до 6 ч наутро доаѓа до чистење на организмот и затоа во овој период се јавува природна потреба за чистење на мочниот меур и цревата.