Честопати жените страдаат од воспаление на бешика, па верувам дека овој лек на многумина ќе им се најде. Ова е многу стар рецепт и многу често користен во нашето семејство – Даниела.

Потребни состојки:

500 мл бело вино

4-5 чешниња лук

Постапка:

Во еден сад ставете половина литар вино и 4-5 чешниња лукче истолчени или ситно исечкани, па ставете на оган да зоврие.

Откако ќе зоврие смесата, оставете да се вари уште 15 минути на потивко. После 15 минути се трга од оган, се процедува и се собира во тегла.

Употреба:

Се пие по една чашка околу 150 мл претходно загреана, пред спиење.

Се пие 3-4 дена и веднаш се забележува резултатот.