Оваа билка е меѓу омилените салонски цвеќиња, а најчесто се подарува за среќен почеток на некоја работа или бизнис, бидејќи се верува дека му носи пари на оној кој го поседува и кој се грижи и негува неговото растење и цветање. Но, за жал, кај многумина останува како зелена грмушка без да процвета…
Красула или „дрвото на парите“, како што го нарекуваат, е атрактивно растение со овални, дебели и месести ливчиња кои наликуваат на монети, па оттаму и нивната асоцијација со парите – „парите се лепат на пари“, па ова цвеќе како магнет ги привлекува истите. Некои пак, ја одгледуваат оваа билка поради нејзината раскошност и поради нејзината едноставност.
Како и да е, која и да е причината поради која вие го чувате ова растение, добро е да се знаат неколку полезни методи со кои „двото на парите“ ќе стане уште пораскошно и бујно ќе процвета со неговите свиленкасто снежни цветчиња кои потсетуваат на нежни снегулки.
Иако грижата за ова растение е прилично едоставна, сепак, потребно е редовно прихранување. Ако ги следите следниве инструкции, тоа ќе процвета толку многу бујно, што не ќе можете да го препознаете. Еве како се постигнува тоа со помош на следните четири природни рецепти:
КОКТЕЛ ОД КВАСЕЦ И ШЕЌЕР. Потребни состојки: 1 литар топла вода, 10 г свеж квасец, 1 чајна лажичка шеќер. ПОСТАПКА: Во топлата вода растворете една мала лажичка шеќер, а потоа изронете 10 г свеж квасец и промешајте додека и тој да се раствори. Овој раствор оставете го на светло место да отстои еден ден. После тоа можете да го користите за полевање на вашата билка.
БОТАНИЧКА ЛИМОНАДА. За овој вид на хранителна течност потребни ви се цитрусни плодови: 1 лимон и 2 мандарини. Исечете ја ситно кората од овие три плода, па прелијте ги со 500 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои точно три дена на некое темно место.
Потоа процедете ја течноста и користете раствор со вода во однос 1:3. На пример, со ботаничката лимонада наполнете една третина од чашата, а потоа дополнете со обична вода која отстојала на собна температура. Со оваа течност залијте ја билката.
ИНФУЗИЈА ОД ПЕПЕЛ (ОД ДРВО). Потребни состојки: 1 литар врела вода и две чаши просеана пепел добиена од дрво. Промешајте, поклопете и течноста оставете ја на некое темно место да отстои една седмица. По изминатиот период процедете ја течноста (или излејте ја така да остане на дното талогот), па користете ја за залевање.
ТИНКТУРА ОД ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА. Потребни состојки: лушпи од 5 јајца и 500 мл вода. Лушпите од јајцата исчистете ги и отстранете им ја тенката внатрешна „кожичка“. Исупете ги и сомелете ги, а потоа прелијте ги со 500 мл врела вода.
Поклопете и оставете да отстои 12 дена на темно место. Потоа процедете и течноста користете ја за наводнување. мали парчиња лушпа може да ставате и во саксијата.
ОТСТРАНЕТЕ ГИ АЗОТНИТЕ ПРОИЗВОДИ. Ако сакате „дрвото на парите“ да ви цвета, тогаш отстранете ги сите азотни производи кои сте ги купиле за прихранување на билката. Овој минерал всушност спречува билката да расцвета, а cтимyлиp а само создавање на зелени сочни листови.
Како што можете да забележите, многу едноставно се приготвуваат сите природни прихрани за оваа билка.
Се препорачува вечерно наводнување или кога е облачно и тмурно времето. Хранителната течност ставете ја во некој поголем сад или некое старо тенџере, а потоа во него ставете ја целата саксија со билката.
Оставете ја билката да ја апсорбира потребната течност половина до еден час, а потоа оставете добро да се издренира и исцеди.
Затоа, при садењето на оваа билка особено е важно да и се обезбеди добра дренажа. Доколку го одгледувате ова растение дома, пишете ни во коментар каков метод користите вие. Ова е најдобриот совет кој можете да го прочитате: