Овој домашен лек ги јакне зглобовите и коските а исто така, позитивно делува врз имунитетот. Може да послужи и како поддршка во лекувањето на белодробните заболувања.
За овој лек ви е потребно:
7 домашни кокошкини јајца
14 лимони
1 кг квалитетен мед
Подготовка:
Јајцата добро се измиваат со сунѓер, низ неколку води. Се цеди лимонот а сокот се става заедно со јајцата во затворен стаклен сад, на ладно. Јајцата секој ден треба да се превртуваат а за 7 дена треба да бидат смекнати. После седум дена измешајте ги со миксер, а потоа додајте го медот. Убаво промешајте и чувајте во фрижидер.
Употреба: по една лажица, трипати дневно, пред оброк.