Стриите се линеарни атрофии на кожата, кои настануваат на места на кои кожата најмногу се растегнува. Почесто се јавуваат кај жените. Во пубертет околу 60% од девојките и 40% од момците добиваат стрии, додека голем процент од бремените жени ги добиваат најчесто во текот на шестиот месец од бременоста. Може да се јават и како последица на големи варијации во телесната тежина.
Ако имате стрии, ви препорачуваме да го пробате следниот рецепт:
Потребни состојки:
1 лажица шеќер
1 лажица ризинусово или маслиново масло
½ цеден лимон
1 капсула витамин Е.
Постапка:
Сите состојки измешајте ги додека да се соединат. Смесата применете ја на зафатените места. Масирајте со кружни движења. Најдобро е да триете со четка за да се подобри циркулацијата на тоа подрачје на телото каде се појавиле стриите.
Повторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер до 3 седмици.