Според статистичките податоци, 70 милиони во САД имаат хипертензија. Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од мозочен удар, откажување на бубрезите, болести на срцето и атеросклероза.
Тоа се причините поради кои луѓето треба да се грижат за себеси и своето здравје, за да спречат појава на сериозни болести.
Хипертензија може да се добие поради нездрав начин на живеење, но може да биде и наследна. Постојат два типа на хипертензија: примарна (есенцијална) и секундарна. Не постои конкретна причина за примарната хипертензија. Со текот на годините има тенденција се повеќе да се развива. Од друга страна, секундарната хипертензија е поврзана со факторите како што се:
-Возраст
-употреба на алкохол и цигари
-дебелина
-опструктивна апнеја (престанок на дишење во текот на спиењето)
-стрес
-проблеми со бубрезите
Постојат уште некои ризик фактори за висок крвен притисок:
-Проблеми со штитна жлезда
-премногу сол
-останати хромични состојби како што се дијабетес и болести на бубрезите
-одредени конгенитални состојби на крвта (патолошки состојби чија причина лежи во гените)
-недостиг на калиум
Според најновите студии, редовното консумирање на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Причината за тоа се противвоспалителните дејства на фитонутриентите наречени антоцијанини, а кои се содржат во свежите плодови.
СЛЕДАТ НЕКОЛКУ СОВЕТИ:
1.Намалете го внесот на сол – Оваа постапка може да ја спречи антихипертензитивната терапија и може да доведе до намалување на крвниот притисок кај пациентите.
2.Вежбајте – Според студијата објавена во 2007 година, вежбањето е темелна терапија за превенција, третман и контрола на хипертензија.
3.Одбегнувајте намирници кои влијаат врз зголемување на крвниот притисок – одбегнувајте месни преработки, алкохол и други намирници кои содржат високо ниво на натриум.
Покрај горе наведените совети, се препорачува и еден рецепт за природен напиток-чај против хипертензија. Овој чај, освен што е вкусен, овозможува внес на хранливи материи за намалување на крвниот притисок.
Потребни состојки:
50 г брусница
200 г целер (стапчиња)
2 литри вода
Постапка:
Целерот измијте го и исечкајте го. Доколку не можете да најдете целер во стапчиња, тогаш искористете еден цел корен со листови. Заедно со брусницата ставете во тенџере со вода и на тивок оган варете половина час. После тоа оставете поклопено уште половина час, па процедете.
Од овој чај треба да пиете колку можете во текот на денот. Многу брзо ќе забележите подобрување.