Помеѓу забите му се заглавило мало парче од пуканките што ги јадел претходно, а потоа започнала драма во неговиот живот. Целото тело одеднаш започнало да му откажува и едвај преживеал, па затоа, сега сака сите да дознаат за опасностите кои демнат во устата.

Адам Мартин (41) за малку ќе го загубел својот живот од труење на крвта предизвикано од пуканка заглавена меѓу забите.

Овој несреќен човек завршил во болница поради најобични пуканки и на крај имал операција на отворено срце.

Адам прво отишол кај својот стоматолог, по што овој забележал дека непцата му се воспалени, меѓутоа, откако му се влошила состојбата, му бил дијагностициран ендокардитис, инфекција која настанува кога бактерија ќе навлезе во крвотокот.

За негова несреќа, првиот лекар кај кого се обратил Адам не му ја поставил вистинската дијагноза и го испратил Адам дома. А Адам на новинарите им открива:

“Сепак, цело време имав чувство дека нешто сериозно не е во ред со мене. Многу долго спиев и се чувствував лошо. Имав болки во нозете и едноставно не се чувствував добро. Набрзо после тоа бев хоспитализиран.”

Откако му биле направени анализи, Адам завршил на ореперациона маса, а самата операција траела со часови. За среќа, сè се завршило добро и Британецот сега полека се опоравува, меѓутоа се заколнал дека никогаш во животот веќе нема да јаде пуканки.

Како што тој вели, не гледа друг начин како би можела таа бактерија да му навлезе во крвотокот, освен преку заглавената пуканка во непцето.

Лекарите исто така, веруваат дека Адам бактеријата ја внел во крвотокот преку уста, додека се обидувал да го извади парчето пуканка од меѓу забите. Приота си создавал ранички, бидејќи употребувал разни предмети, како парче жица, молив, па дури го употребил и малиот нокт.