Синот на другарка ми е алергичен на јајца и млеко и таа секогаш вака прави палачинки, а бидејќи и јас сум алергична на јајца (немам некои cepиозни пocледици), затоа го правам овој рецепт повремено. Овие палачинки се многу едноставни, лесно се прават и немаат поразличен вкус од оние што се прават со јајца.
Не се забележува разлика, иако недостасуваат едни од најглавните состојки. Овие палачинки се погодни за сите оние кои се алергични на јајца и млеко и нетолерантни на лактоза, но и за оние кои во моментот ги немаат овие состојки во фрижидерот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 300 г брашно од просо, 100 мл минерална вода, 4 лажици масло, 250 мл сок од јаболко или млеко од соја, прстофат сол, 2 лажици шеќер (шеќер се става доколку користите млеко од соја во кое нема додаден засладувач).
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 600 мл минерална (газирана) вода, 400 г обично брашно, 2 лажички прашок за печиво, 1/2 лажичка сол. Ако ги правите слатки, додајте ги и следниве состојки: 2 кесички ванилин шеќер, малку рендана кора од лимон.
ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Измешајте брашно, шеќер, сок од јаболко, сол, масло… Сè заедно, на крајот додајте ја минералната вода и измешајте со лажица да не се пени премногу од миксерот. Потоа смесата се остава да одмори 30 минути и палачинките се печат на класичен начин во тефлонско тавче. Може да ги филувате по желба со мармалад, нутела, ореви и сл.
ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Во минералната вода, постепено додавајте го брашното, во кое претходно сте измешале прашок за печиво. По желба додајте повеќе вода или ставете помалку, за да ја добиете посакуваната густина. Доколку палачинките ги правите солени, додајте прстофат сол.
А ако правите слатка варијанта, тогаш во смесата додајте 2 кесички ванилин шеќер и малку рендана кора од лимон за арома. Ставете малку масло на тавата за пржење и рамномерно распоредете го со салфетка. Со кутлача, определе колку смеса е потребно да се става во тавчето, според неговата големина.
Палачинките се печат по неколку секунди од страна, додека да фатат убава бела кон кафеава боичка, важно е да внимавате да не ги оставате предолго да се пржат од едната страна бидејќи се тенки и можат лесно да изгоpат. Следниот рецепт е за чоколадни, кето палачинки:
РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДНИ КЕТО ПАЛАЧИНКИ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 цели јајца, 20 г бадемово брашно, 20 г какао во прав, околу 100 г замена за шеќер (стевија во прав), прстофат сол и лажичка маслиново масло.
ПОСТАПКА: Во сад се матат јајцата, па се додава маслиново масло и на крај со постојано мешање се додаваат и сувите состојки. Оваа смеса може да ја матите и со миксер.
Прстофат сол се додава бидејќи го зајакнува вкусот на какаото, а малата количина си го прави своето. Палачинките се печат исто како во првиот и вториот рецепт. Палачинките може да ги правите и бели, обични, во тој случај не се додава какао, ова се потребните состојки, а се подготвуваат на ист начин, како и останатите:
РЕЦЕПТ ЗА БЕЛИ СЛАТКИ КЕТО ПАЛАЧИНКИ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 40 г бадемово брашно, 4 цели јајца, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка арома од ванила, замена за шеќер околу 60 г или повеќе по ваша желба.