Оваа торта е осмислена за оние кои немаат многу време да поминуваат во кујна, а притоа да поминат и евтино. Тортата е многу вкусна, главниот вкус е ванилата, па затоа е толку лесна. Ќе бидете воодушевени од вкусот, изгледот и самата подготовка, која е толку едноставна и брза што секој може да ја направи, со неколку состојки кои обично ги имаме во домот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА KOРА: 5 белки, 3 лажици масло, 3 лажици шеќер, 1 голема лажица брашно, 1 кесичка пудинг од ванила. ЗА ФИЛОТ: 650 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 5 жолчки, 100 г шеќер во прав или по вкус може да ставите и повеќе, 2 кесички ванилин шеќер, 180 г путер. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 500 мл слатка павлака/шлаг.




ПОСТАПКА ЗА ФИЛОТ: Поделете ги белките од жолчките. Во едно тенџере сипете го млекото, а околу 200 мл зачувајте си настрана за да ги измешате кесичките за пудинг. Тенџерето со млеко се става на рингла да се загрее, додека остатокот од млекото се меша со 2 кесички пудинг од ванила и 2 кесички ванилин шеќер.




Измешајте ги состојките со жица/маталка, па кога ќе соедините се додаваат жолчките и смесата се меша додека да стане еднолична. Во загреаното млеко се додава соединетата смеса и со постојано мешање се вари на рингла додека да згусне, како пудинг. Филот се префрла во еден сад и се покрива со проѕирна фолија, за да не фати коричка одозгора.




За да ја подговите кората, во еден подлабок сад ставете ги одделените белки и изматете ги пенасто, со постепено додавање на 3 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. Во изматениот снег од белки се додаваат 3 лажици масло, 1 кесичка ванилин пудинг и 1 лажица брашно, кое треба да биде просеано.




Рерната вклучете ја да се загрее на 160 степени, а потоа убаво соединете ги состојките за кората. Во еден плех ставете хартија за печење и малку намастете ја. Плехот е со димензии 35х40 см, така што користете ја истата или некоја слична големина. Кората излејте ја во плехот и рамномерно распоредете ја.




Ставете да се пече во загреаната рерна, околу 10-15 минути. Постојано проверувајте ја кората, бидејќи е многу тенка и лесно може да изгори. Омекнатиот путер со виљушка издробете го и додајте го шеќерот во прав. Измешајте ги состојките додека да се соединат, па префрлете ги во кремот кој првично го направивте. Соединете го кремот со миксер.




Кога кората ќе се испече, се дели на 3 еднакви делови. Се реди кора врз кора, со претходно премачкување на кремот. Помеѓу секоја кора, врз кремот може да наредите сечкани банани на тенки кругови или некое друго овошје по ваша желба.




Настрана се мати слатката павлака, па се реди на следниот начин: кора, жолт крем, бел крем, кора, жолт крем, бел крем, кора, па целата се премачкува со жолтиот крем. Тортата се става во фрижидер да се олади минимум 2-3 часа, па потоа целата се премачкува со белиот крем и се декорира со истиот, а може да ставите и чоколадна глазура. Деталите погледнете ги ОВДЕ.