Салатите никогаш немаат сезона на подготвување бидејќи во секое време може да си спремите од разновидни намирници. Покрај тоа, ќе ве освежат, а понекогаш и ќе ве заситат како цел оброк. Секогаш уживам во подготовката на оваа салата, бидејќи одлично оди со месо на скара.
Салатата оди добро не само со скара, туку може успешно да се приложи како посебно јадење или закуска за заситување во текот на денот. Оваа салата од компир се прави многу брзо. Доволно е да ги сварите компири и да исечкате уште неколку едноставни состојки.
Ќе ви откријам една тајна за замена на мајонезот во салатите. Рецептот за вкусната компир салата не содржи ниту мајонез, а сепак таа е кремаста и сочна. На овој начин ја приготвувам веќе со години. Во продолжение прочитајте два рецепти. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): приближно 500 г варени млади компири, 2 краставици, неколку перциња млад кромид, 1 китка копар, 1 главица црвен кромид, 4-5 лажици природен цврст јогурт (павлака), сок од лимон по вкус, сол и црн пипер, гранулиран лук или чешниња лук поминати низ преса.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г пилешки гради (или приближно 1 парче), 1 кг компир, 200 г моркови. ЗА ЗАМЕНА ЗА МАЈОНЕЗ: 2 варени јајца, 100 мл масло, 1 лажичка сенф, може и повеќе, 1 лажичка лимонов сок (или оцет), малку сол.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Компирите сварете ги цели или поделени на половина. Младите компири се повкусни и се варат пократко време од обичните. Кога ќе се сварат, оставете ги малку да се оладат, за да не се изгорите, па исечете ги на коцки со средна големина.
Краставиците излупете ги и исечкајте ги на ситно коцки, па истото направете го и со црвениот кромид, кој треба ситно да се исечка. Исечкајте го младиот кромид на тенки кругови и копарот на ситно. Во подлабок сад измешајте го цврстиот јогурт (павлака) со сок од лимон, сол, црн пипер и гранулиран лук. Измешајте ги сите состојки. Салатата има најдобар вкус кога се служи на собна температура.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во едно тенџере ставете да се варат компирите, морковите и пилешкото месо. Настрана сварете две јајца. Варените јајца изладете ги, па со рачен плендер измиксајте ги со лажичка сенф. Во кремастата смеса постепено додавајте 100 мл масло. Посолете и зачинете со лимонов сок или јаболкова киселина. На овој начин за 5 минути ќе добиете многу вкусен мајонез (200 г).
Морковите и компирите исечете ги на тенки ленти. Ножот малку намастете го и многу полесно ќе го сечете компирот без да ви лепи. Месото ситно исечкајте го, а кромидот и киселите краставички исечете ги на лентички или ситни коцкички. Зачинете со толчена сува пиперка, црн пипер и сол по вкус.
Сите состојки измешајте ги во поголем сад и додајте две лажици оцет. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Салатата е многу вкусна, но доколку салате да биде уште покремаста, додајте уште некоја лажица кисела павлака или мајонез по вкус. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.